Хајди Клум се сомнева дека е заразена со коронавирус

Манекенката Хајди Клум се сомнева дека е заразена со коронавирус, додавајќи дека безуспешно се обидела да се тестира кај двајца лекари.

Клум во видео снимка објавена на Инстаграм вели дека се разболела на снимањето на емисијата “Јас имам талент”, во која е еден од членовите на жирито.

Таа додава и дека сакала да се тестира, но дека безуспешно контактирала двајца лекари. Се јавила од кревет и им објаснила на фановите зошто нема да се појави на снимањето на следната епизода од споменатата емисија. Рекла и дека се почнало со чувство на обична настинка.

“Чувствував дека имам температура, ми беше студено и ми течеше нос. Останав дома да не ги заразам другите луѓе. Водете сметка и останете дома ако не се чувствувате добро”, рекла манекенката.

 

Scroll to Top