Хари и Меган потпишаа договор со „Нетфликс“

 

Принцот Хари и Меган Маркл потпишаа повеќегодишен продукциски договор со „Нетфликс“. Во рамките на ова партнерство, бившата кралска двојка ќе продуцира документарци, долгометражни филмови, серии и детски програми.

„Нашиот фокус ќе биде создавање содржини кои информираат и истовремено даваат надеж. Како нови родители, правењето инспиративни семејни програми е многу важно за нас“, соопшти двојката. Ова следува шест месеци откако Хари и Меган се повлекоа од кралските задолженија и се преселија во Калифорнија. „Нетфликс“ претходно потпиша сличен договор и со Барак и Мишел Обама.

Scroll to Top