Хари Стајлс нападнат со нож среде Лондон

Поранешниот пејач на британскиот бој-бенд „Уан дајрекшн“, Хари Стајлс, бил нападнат со нож и ограбен на Денот на вљубените, пишува „Мирор“. Грабежот се случил во лондонскиот кварт Хемпстед во ноќните часови, кога пејачот се враќал од излегување со пријателите.

Ограбувачот, според Стајлс, имал дваесетина години. Тој извлекол нож и му се заканил дека ќе го повреди, па побарал да му ги даде сите пари што ги има.

„Хари бил смирен и му ги дал парите. Рече дека ја држел ситуацијата под контрола, но сепак е многу потресен“, рекол близок извор на пејачот.

Полицијата сè уште не го фатила напаѓачот.

И покрај инцидентот, Хари синоќа настапил на доделувањето на Британските награди, БРИТС, а ја испеа песната Falling. Тој на црвениот тепих ѝ оддаде почит и на водителката Каролин Флек, која се самоуби минатиот викенд.

Scroll to Top