Харви Вајнштајн добил потрес на мозокот

Филмскиот продуцент Харви Вајнштајн добил потрес на мозокот во затворот каде што е сместен, изјавил неговиот портпарол Јуд Енгелмајер, кој засега не изнел повеќе детали за здравствената состојба на неговиот клиeнт.

Вајнштајн на судењето во Њујорк беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба на една жена и силување на друга. Пред три дена поранешниот холивудски моќниќ беше пренесен во затворот „Рикерс“ во Њујорк.

Енгелмајер изјави дека Вајнштајн во затворот паднал и дека е повреден, пренесува Си-ен-ен.

 

„Вајнштајн вели дека има силни главоболки и мисли дека има потрес на мозокот. Засега немаме добиено конкретна дијагноза“, изјавил Енгелмајер, кој засега не изнесе детали околу стостојбата на Вајнштајн.

За потсетување, за казненото дело за кое Вајнштајн е обвинет, предвидена е условна казна до четири години затвор, за силување од трет степен и најмалку пет години затвор за сексуален чин од прв степен.

Судењето траеше повеќе од 26 часа, а Вајнштајн беше прогласен за виновен за две од вкупно пет точки од обвиненијата. Миријам Хали сведочеше дека Вајнштајн ја присилил на орален секс во 2006 година, а Џесика Ман сведочела дека ја силувал во 2013 година.

Ова се само две од многубројните обвинувања со кои холивудскиот продуцент се соочи. Од 2017 година Вајнштајн го обвинија повеќе од 80 жени за сексуален напад. Ваквите обвинувања го иницираа движењето #MeToo во кое жените изнесуваат јавни обвинувања против моќните луѓе во деловниот свет и светот на забавата и политиката.

 

Scroll to Top