Актерот Хенри Кавил, кој го знаеме од филмови како „Superman“ и „Justice League“, ќе влезе во
улогата на Шерлок Холмс, пренесе „Варајети“. 36-годишниот Кавил ќе го игра познатиот детектив во филмот „Enola Holmes“, во литературната серија на Нанси Спрингер за случаите кои разплита помалката сестра на Шерлок и Мајкрофт Холмс.
Во ликот на Енола Холмс гледачите ќе ја видат 15-годишната Мили Боби Браун, позната по улогите
во серијата „Stranger Things“ и „Godzilla: King of the Monsters“.Британската ѕвезда Хелена Бонам Картер ќе ја игра мајката на Енола.Режисер на филмот „Enola Holmes“, чие снимање ќе започне ова лето, ќе биде Хари Бредбери (KillingEve). Сценариото е доверено на Џек Торн (His Dark Materials).