Холивудски актер осуден на три години затвор за полов напад врз колешка

33-годишни актер  познат по улогата на Абернати во филмот Фантастични sверови, сексуално ја злоставувал 29-годишната девојка по ноќното излегување за време на кое и се слошило, пишува The Sun. Инцидентот се случил во 2017 година во станот на актерот Скот Рид.

Актерката сведочела дека Гатри ја допирал и блудничел над неа откако и помогнал да легне. Тој тврди дека и помогнал само да легне, но се дознало дека на нејзината долна облека е пронајдена неговата ДНК.

Иако Гатри апелирал до судот дека оваа одлука може да биде фатална за неговата кариера, судот остана немилосрден. “Бевте во позиција да и помогнете кога не се чувствуваше добро. Ова е грозоморно злосторство, требаше да се грижите за неа сè додека таа не можеше да се грижи за себе”, рекол судијата.

Името на Гатри ќе се најде во регистарот на сексуални престапници на неодредено време.

Scroll to Top