Идрис Елба не сака да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот глумец Идрис Елба потврди дека нема да биде следниот Џејмс Бонд, оти смета дека по оваа улога неговата кариера ќе тргне надолу. Тој ова го изјави во интервју за „Дејли мејл“.

„Бонд е една од најголемите франшизи во светот, а кој последен ја игра таа улога, тој завршува со неа. Ти си тој карактер и ќе останеш познат како таков за многу, многу години“, рекол Елба во интервјуто.

Британските медиуми долго време пишуваа дека Идрис Елба ќе го замени Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, откако ќе го заврши снимањето на 25. филм што се снима во моментов.

Scroll to Top