Иги Поп гол на сцена го прослави 72. роденден 

Рок-легендата Иги Поп Тој го прослави 72. роденден во атмосфера што најдобро му одговара, на својот концерт во Мелбурн. Таму тој пееше , скокаше, слезе во публиката, и сетоа тоа без кошула. Речиси и не се памети кога последен настапил облечен на сцената, а неговото голо торзо е една од првите и најпрепознатливи рокенрол-асоцијации во последните 50 години.

Иги Поп сè уште е на сцената, а неговите енергични настапи се над стандардите што се очекуваат од луѓето во седумдесеттите години. Тој со неговиот бенд „The Stooges“ почнал да свири кон крајот на 60-тите, и на сцена денес се држи одлично, а според некој е во подобра форма од многу негови помлади колеги.

Иги поголемиот дел од животот го помина борејќи се против зависноста од наркотици, за што тој постојано зборуваше отворено.

„Пропуштив многу работи во животот бидејќи бев постојано дрогиран и тоа е нешто поради што зажалив подоцна. Не жалам за нешто лошо што сум направил во таква состојба, туку за нештата што не ги направив поради зависноста. Би сакал да бев поприсебен и да му дадев повеќе на татко ми кога беше стар и во заминување“, беше искрен пејачот во интервјуто за „Дејли мејл“ пред две години, а денес, тврди тој, само сака да испие некоја чашка вино.

Scroll to Top