Играч на ПСЖ потрошил 5.000 евра за да ја исфрли бившата од реално шоу

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хесе Родригес, на СМС пораки потрошил 5.000 евра, само да ја елиминира од реалното шоу „Големиот брат“, својата поранешна девојка Аура Руис.

Хесе, сега е член на Пари Сен Жермен, но сезонава за овој тим нема одиграно ниту една минута. Шпекулациите велат дека во јануари би можел да се врати во Шпанија и тоа во редовите на Ваљадолид.

Фудбалерот и Аура Руис имаат син, кој е роден прерано. Поради тоа детето има здравствени проблеми.

Хесе и Руис оваа година ставија крај на врската, откако Аура Руис го обвини фудбалерот дека не ги исполнува обврските што треба да ги има еден татко.

Scroll to Top