Том Круз во 2021 година ќе летне во вселената каде што ќе го снима новиот филм, а во тоа ќе му помогнат Илон Маск и НАСА. Режисер на филмот ќе биде Даг Лиман, со кого Круз соработуваше на „Работ на утрешнината“.
Спејс Шатл Алманах на „Твитер“ потврди дека вселенското летало „Аксиом“, управувано од пилотот Мајкл Лопез-Алегриа, ќе биде испратено на оваа мисија во октомври 2021 година, а членови на екипажот ќе бидат само Круз и Лиман. НАСА ја потврди својата вклученост во овој проект на почетокот на годината.
„НАСА е возбудена што ќе работи со Том Круз! Потребни ни се популарни медиумски личности за да ги инспирираме новите генерации инженери и научници да ги направат амбициозните планови на НАСА реалност,“ напиша на „Твитер“ администраторот на НАСА, Џим Бриденштајн.
Филмот, кој сè уште нема име, беше претставен на „Универзал“ преку апликацијата „Зум“. Лиман моментално работи на сценариото, додека буџетот на овој филм е 200 милиони долари.