Илон Маск ѝ купил кола на Амбер Херд за да ја прислушува

Мултимилионерот и познатиот сопственик на компанијата „Тесла“, Илон Маск и подарил на глумицата Амбер Херд, автомобил од брендот на неговата компанија, со апарат за прсилушкување во истиот. Тој сакал да знае што се случува со неговата поранешна девојка.

Неговите претставници одбиле да ги коментираат ваквите тврдења за јавноста. Амбер во моментов води тежок судски спор со нејзиниот сеуште законски партнер глумецот Џони Деп.

Нејзината мајка Пеги, е таа која ѝ се доверила на блиската пријателка на Амбер, Џенифер Хаувел, и открила дека Маск поставил апарат за прислушкување, во автомобилот на нејзината ќерка.

Основачката на непрофитната организција, Хаувел, ги открила деталите во службен документ. Таа се зближила со Амбер преку сестрата на глумицата Витни Хенрикез, додека и била шефица во компанијата од 2014 до 2016 година.

Пеги на Хаувел и открила дека Абер повеќе го сака Џони Деп отколку Маск.

„Додека бев во посета кај нив дома, Пеги ми откри дека Маск и подарил на ќерка ѝ автомобил Тесла. Амбер дознала дека во него Маск ставил апарат за прислушкување“, раскажала Хаувел.

Мајката на Амбер, Пеги, открила дека Маск бил опседнат со контрола. Од друга страна за Деп зборувала само најдборо. Дека бил анѓел и дека се надева дека повторно ќе се смират со Амбер“, изјавила Хаувел.
Во јавноста се раширија и шпекулации дека Амбер додека била со Деп, го изневерила глумецот со нејзиниот поранешен партнер. Маск ги негирал ваквите шпекулации, одговарајќи дека тој повторно бил со Амбер кога таа прекинала да се гледа со Деп и кога почнал судскиот спор.
Scroll to Top