Инфаркт го нападна Чак Норис два пати за 45 минути – И се разбира изгуби

Како што пренесоа лекарите кои го прегледале славниот актер, Чак Норис, срцевите удари ги преживел со „сила на двојно помлад човек“.

Чак Норис во средината на јули имаше два инфаркти, во казиното во Невада во кое во тој момент се наоѓаше со сопругата Гена Окели.

Се се случи во утринските часови околу 6, кога поради силните болки во градите, славниот актер падна на подот, пренесува „Radar Online“. Итната помош за неколку минути стигна на лице место, а актерот во количка, на патот до болница, наводно престанал да дише.

Како што пренесуваат медиумите, лекарите го оживеале со помош на дефибрилатор, за да по доаѓањето во болницата актерот доживеал уште еден силен удар. Тој во медицинскиот центар во градот Рину во Невада, бил задржан неколку денови.

„Вакви два удари лесно би усмртиле и двојно помлад човек, но Чак и понатаму е многу силен“, наводно изјавиле лекарите кои внимавале на него.

Како што пренесува „Radar Online“, Чак на 16 јули со семејството присуствувал на Светското првенство во боречки вештини во Лос Анџелес. По случувањата, Чак со семејството тргнал кон домот во Честер, но одлучиле да направат пауза во „Tonopah Station“ хотелот во Невада, каде Чак го задесија здравствените проблеми.

 

Scroll to Top