„Инстаграм“ ја цензурира Бела Хадид поради пост за Палестина

Една од најпознатите модели, Бела Хадид, се налути по цензурирањето на „Инстаграм“.

„Кој дел од мојата гордост со родното место на татко ми е насилна, навредлива, вознемирувачка или голотија“, праша познатата манекенка.

Бела Хадид се пожали дека е цензурирана од „Инстаграм“ затоа што во една од последните објави, посветена на татко ѝ Мохамед, ја спомна Палестина, која е негова татковина.

„’Инстаграм’ ја отстрани мојата приказна во која ги напишав – татко ми и неговото родно место Палестина – со фотографија од неговиот американски пасош. Кој дел од гордоста со родното место на татко ми е насилна, вознемирувачка или голотија? Зошто е ова против правилата? Зар не треба да бидеме Палестинци на ‘Инстаграм’? За мене, тоа е злоупотреба. Вие не можете да ја избришете историјата со замолчување на луѓето. Тоа не функционира на тој начин“, заклучи таа револтирано.

Scroll to Top