Иван Реон како инспирација за најлошиот лик во „Игра на престоли“ ја добил од Лијам Галагер

Глумецот Иван Реон, познат како озлогласениот Ремзи Снежни/Болтон, од „Играта на престоли“, изјави дека дел од инспирацијата за својот ужасен лик го пронајде во рокерот Лијам Галагер.

Реон, кој е инаку и пејач, беше гостин во конвенцијата фанови на „Играта на престоли“ во Нешвил, кога откри три најголеми извори за инспирација за својот лик.

„Дел од карактерот го позајмив од Хит Леџер, во „Мрачниот витез“, поради тоа што беше многу тежок да се „прочита“, Нормален во еден момент, убиец и манијак во друг, ми се допадна што никогаш не знаете што следно ќе направи. Лијам Галагер, ми послужи како инспирација за одот на Ремзи, а Денис Напаст, за неговата немирна страна“, изјави тој.

Scroll to Top