„Избегав од околината за да не завршам како проститутка“, раскажува Алиша Кис за патот до славата

За американската аренби пејачка Алиша Кис, пишува британскиот „Гардијан“ каде таа даде интревју, се вели дека музиката што ја правеше на почетокот на нејзината кариера не беше толку популарна.

„Во времето кога започнав да ја лансирам својата музика во светот, тоа воопшто не беше тренд. Сите радиостаници мислеа дека сум некој 40-годишен џез-пејач. И јас, всушност, имав 19 години, носев плетенки и доаѓав од Харлем “, рекла  Алиша.

Сепак, таа се проби во 2001 година благодарение на нејзината изведба на песната „Falin“ во шоуто на Опра Винфри, песна што ќе ја дефинира нејзината кариера и која за неа е „нeшто како ништо порано, ниту она што беше вчера, ниту денес, ниту што ќе биде утре“ .

Сепак, зборувајќи за една од нејзините последни песни, американската пејачка призна дека можела да заврши како некоја друга афро-американка од нејзината област во тоа време – како проститутка или наркоман. Тоа е песната „Underdog“ од нејзиниот нов албум, која ја работеше во соработка со Ед Ширан и во која испраќа поддршка до сите оние кои сонуваат за подобар живот.

„Јас сум личноста од песната, онаа што требаше да успее за да избега од околината, ако не да заврши како проститутка, млада мајка на 16 години или зависна од дрога. Јас сум таа што можеше да се најде на погрешно место во погрешно време и да биде повредена или убиена. Што е сонот всушност? Сонот е луксуз, ако треба да ги платите сите тие сметки и да ставите храна на трпезата за вашите деца. Затоа, разбирам колку сила е потребна за да се оди по својот пат. Затоа моите песни им даваат сила на другите. Напишав многу во најлошите моменти од мојот живот “, рекла пејачката.

Последниот албум пејачката  го носи нејзиното име „Алиша“, а тој ја врати на првите листи со хитовите „Underdog“ и „Time Machine“. Кис во март ги објави и своите мемоари „More Myself: A Journey“.

Scroll to Top