„Јас сум Азиец, но корона фатив во Њујорк“, американски глумец одговори на провокациите на Трамп

Американскиот глумец Даниел Ди Ким, кој има азиско потекло на својот „Инстаграм“ одговори на провокациите на американскиот претседател Доналд Трамп, кога коронавирусот постојано го нарекуваше „кинески вирус“.

Ким на својот „Инстаграм“ објави дека е заразен и дека се наоѓа во домшно лечење во својот дом на Хаваи. Тој објасни дека дознал дека е заразен со корона по тестирањето, а дека немал никакви симптоми.

Тој престојувал како што вели во Њујорк на снимањето на серијата во која игра, лекар кој спасува животи за време на пандемија на грип.

„Да, и јас сум Азијант и да, јас сум заразен со коронавирусот, но не го донесов од Кина, туку од Њујорк“, порача Даниел.

Американскиот претседател Доналд Трамп беше на удар на јавноста поради неговите провокации и инсистирање на изразот „кинески вирус“, кога говорел за коронавирусот. Многумина му укажуваа дека тоа е расистички однос.

На конкретно прашање од новинарите „Зошто упорно коронавирусот го нарекува кинески вирус“, Трамп на конференцијата одговори дека тоа е затоа што истиот потекнува од Кина.

„Тоа воопшто не е расистички. Вирусот стигна од Кина“, одговорил Трамп, но кога му било поставено прашањето дали му е непријатно додека го изговара тоа, затоа што многу Американци со азиско потекло се чувствуваат навредени, Трамп одговори: – Ги сакам сите наши граѓани, но Кинезите во еден момент кажаа дека американската војска им го донела вирусот во Кина…. Тоа нема да може така, барем додека сум јас претседател“, љуто одговори Трамп.

Scroll to Top