Актерите Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен ќе ги репризираат улогите на Дарт Ведер и џедај во новата минисерија на Дизни, „Оби-Ван Кеноби“. Снимањето на серијата ќе почне во април, а серијата ќе се прикажува на почетокот на 2022 година.
Во серијата ќе глумат и Џоел Еџертон, Кумаил Нанџиани, О’Шеј Џексон Јуниор, Бони Пиеси, Моузес Инграм, Индира Варма, Руперт Френд, Сунг Канг, Симоун Кесел и Бени Сафди.
Серијата „Оби-Ван Кеноби“ е само еден од повеќето проекти од приказната за „Војна на ѕвездите“ на кој работат „Дизни“ и „Лукасфилм“. „Дизни плус“ веќе ги најави и „Лошите примери“ и „Книгата за Боба Фет“, како и третата сезона на „Мандалоријан“ и уште еден филм во режија на Таика Вајтити, кој засега нема наслов.