Пејачот Роберт Силвестер Кели, познат и како Р’н’Б Кели (54), е отстранет од социјалните канали и мрежи како „Јутјуб“ и „Инстаграм“, откако беше прогласен за виновен за серија сексуални напади. Пресудата беше донесена минатиот месец, во која тој беше осуден за сексуална трговија и злоупотреба. Неговата казна требаше да му се изрече уште на 4 мај.
Од „Јтујуб“ му ги отстранија двата негови канала RKellyTV i RKellyVEVO уште една недела по изрекувањето на пресудата, пренесува „Ројтерс“. Пејачот повеќе нема да може да отвори нов канал на оваа платформа, а неговиот профил беше отстранет и од „Инстаграм“.
Музичарот би можел да помине во затвор неколку децении, а со слични обвинувања се соочувал речиси 20 години. Ова сега е првпат да е прогласен за виновен. Кели и понатаму ги негира сите обвинувања.
За време на судењето кое траеше повеќе од пет недели, девет жени и двајца мажи го обвинија за сексуално понижување и насилство. Многу од жртвите во моментот на злоупотреба биле малолетни, а неколку изјавиле дека Кели им се заканувал ако не ги исполнувале неговите желби.
Сепак неговата музика ќе биде достапна на „Јутјуб стриминг“ платформата и на „Јутјуб мјузик“, а достапни ќе бидат и неговите видеа кои тој ги нема објавено. Кампањата MuteRKelly, која беше покрената против него, бара да бидат отстранети сите негови песни од сите стриминг платформи.
„Чекаме и на вас „Јутјуб мјузик“, „Спотифај“, „Апл Мјузик“, „Амазон мјузик“ и сите други“, напишаа тие на „Твитер“.