Кајли Џенер донирла половина милион долари за деца кои боледуваат од рак

Славната манекенка Кајли Џенер донирала половина милион долари на Детската болница во Вандербилт, пари кои ќе бидат наменети за децата кои боледуваат од рак. На овој начин таа му оддала почит на нејзиниот пријател Хари Хадсон, пејач и текстописец, кој се излечил од рак.

Џенер била присутна на многу терапии на Хадсон и била свесна за тешкотиите низ кои поминал за време на заздравувањето, открива нејзин близок пријател.

„Кога на Хари му беше дијагностициран Хочкинов лимфом пред три години, една од работите што навистина ги погоди и него и Кајли беше неможноста да им даде на тинејџерите поголема емоционална поддршка. Тие сметаа дека покрај третманот, важно е и просторот да биде уреден на таков начин што пациентите ќе се чувствуваат удобно“, изјавил близок пријател на Џенер.

Тој вели дека Џенер со помош на непрофитната организација Teen Cancer America, помогнала во отворањето на дел од оваа болница. Во неа престојуваат голем број од млади пациенти кои боледуваат со рак. Тие играат видео игри, гледаат филмови, медитираат и се забавуваат.

Џенер веќе четири години соработува со Teen Cancer America. Таа објави уште тогаш дека ќе помогне да се соберат пари за оваа организација, преку нејзината козметичка линија за шминка.

„Teen Cancer America е одлична организација и мило ми е што научив нешто за нејзината работа преку Хадсон. Сакам да им испратам добри желби на сите пациенти и нивните семејства“, изјавила таа.

„Hey, I’m Here For You“ е името на добротворната организација на Хадсон и неговиот албум, кој беше објавен минатата година. Тој тогаш истакна дека ова е првиот од многуте простори за млади кои планира во иднина да ги отвори во болниците низ САД.

„Со помош на Teen Cancer America, успеавме да го отвориме првиот дел од болницата за тинејџери. Среќен сум што имам можност да го продолжам партнерството со Детската болница во Вандербилт“, изјавил Хадсон.

Џенер минатата година му донираше милион долари и на доктор Таис Алиабади за да ѝ помогне во акцијата за купување стотици илјади маски и друга заштитна медицинска опрема што беше неопходна за борба против пандемијата.

Scroll to Top