Кајли Џенер е во врска со раперот Дрејк

Светските медиуми пишуваат дека најмладата милијардерка во светот, Кајли Џенер, и раперот Дрејк се во врска. Тие се, наводно, заедно еден месец откако Кајли раскинала со Тревис Скот, таткото на нејзиното дете.

„Неодамна излегоа заедно со неговите пријатели, Кајли ги пееше неговите песни и танцуваше со неговите пријатели. Не танцуваше со него, но седеа еден покрај друг и имаше многу хемија помеѓу нив“, рекол извор за магазинот „Пипл“.

Истиот извор рекол и дека двојката била видена уште неколкупати на романтични вечери, но и дека Дрејк ја посетил Кајли во домот каде што живее со ќерката.

Кајли раскина со Трaвис Скот на почетокот на октомври, по две години врска. Извесно време сите мислеа дека ќе се смири со своето поранешно момче Тајга, но Кајли таквите шпекулации ги негираше на „Твитер“, кога напиша дека и понатаму е во добри односи со таткото на својата ќерка.

Scroll to Top