Кајли Џенер раскина со дечкото

Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер по тригодишна врска раскина со својот дечко Тревис Скот, пишуваат светските медиуми. Нејзин близок пријател открива дека двајцата се договориле нивната ќерка Сторми да остане со нејзината мајка, а Тревис ќе може повремено да ја посетува.

„Двајцата се решија да се разделат на одредено време и да размислат како планираат да продолжат во иднина“, изјавил близок пријател на Џенер.

Шпекулациите за нивната разделба се раширија за време на свадбата на Џастин и Хејли Бибер, кои се пријатели на Џенер. На забавата таа се појавила без Тревис.

Веста за нивниот прекин ги изненади многумина бидејќи Тревис учествуваше во снимањето на Кајли за „Плејбој“ на почетокот на септември.

Scroll to Top