Кајли Миног ќе продава вино со нејзиното име

Австралиската пејачка Кајли Миног наскоро ќе промовира вино што ќе го носи нејзиното име. Таа планира виното да се појави во продажба токму пред летната сезона на забави, пишува британскиот таблоид „Сан“. Кајли е во преговори со повеќе светски производители на вино со надеж дека ќе најде совршен вкус.

„Кајли веќе со години има идеја за сопствен асортиман на вино, но сега идејата конечно доаѓа во фаза на реализација. Таа работи со својот тим и е во дискусии со сопственици на лозови насади и винарии за да најде совршени вина“, рекол за британскиот таблоид извор близок до пејачката.

„Кајли има голем број возрасни фанови и сака да го стави своето име на вино кое е софистицирано, но забавно, исто како и неа. Таа веќе извесно време работи на тоа, но се надева дека конечно ќе успее да го лансира подоцна оваа година, како десерт за сите нејзини фанови“, додал изворот.

Виното не е единственото нешто на што се фокусира 51-годишната поп-ѕвезда во моментот. Таа работи и на нова музика со текстописците на британскиот женски бенд „Литл Микс“.

 

Scroll to Top