Камерон Дијаз ќе стане мајка на 47 години

Актерката Камерон Дијаз е бремена, пишуваат светските медиуми. Папараците ја снимиле Дијаз за време на една вечера со сопругот Бенџи Маден. Таблоидите пишуваат дека таа изгледала покрупно од вообичаено.

Дијаз и Бенџи неодамна дознале дека наскоро ќе станат родители открива извор близок до двојката. Тој вели дека двајцата со години се обидувале да добијат дете.

„Камерон за време на една забава, на свои блиски пријатели им открила дека деталите сака да ги задржи за себе, но дека таа и Бенџи наскоро ќе станат родители“, вели анонимен извор за странските медиуми.

Камерон засега се нема огласено по овој повод, но таблоидите пишуваат дека таа веќе почнала да ја опремува една од собите со бебешки елементи и почнала да размислува за името на нејзиото бебе.

Дијаз и Бенџи се обидуваат да добијат бебе уште откако се венчале во 2015 година. За Камерон ова ќе биде првото дете.

Scroll to Top