Камерон Дијаз произведе свое вино

Холивудската ѕвезда Камерон Дијаз го претстави својот бренд на вина „Авалин“ заедно со својата пријателка и деловна партнерка Кетрин Пауер. Глумицата на „Инстаграм“ објави дека по две години работа, виното е готово и може да се купи во Америка..

„Ви го претставуваме ‘авалин’! Сѐ почна пред две години едно убаво попладне во Лос Анџелес во дворот со Кетрин. Сфативме дека знаеме и внимаваме што сè содржи она што влегува во нашите тела, па зошто да не и виното? Отсекогаш верував дека клучот за добар живот е рамнотежата. Создавањето чисто вино, кое има природно одлични квалитети, без десетици несакани и скриени додатоци, ми помага да ја најдам таа рамнотежа кога уживам во чаша вино. Ова е најчисто вино создадено за оние што бараат задоволство од животот“, напиша таа.

Палетата вина на Дијаз вклучува бело вино и розе, а едно шише чини 24 долари.

Scroll to Top