Кание Вест со сопругата на романтична вечера во Холивуд

Американскиот рапер Кание Вест само два месеци по разводот со Ким Кардашијан се ожени со дизајнерката Бјанка Ценсори. Таа работи во една од неговите компанија, а двајцата биле видени во саботата вечерта на романтична вечера во холивудскиот ресторан Cecconi’s.

Бјанка го привлече вниманието со тесниот спортски градник и сиви хеланки, додека Кание носеше тесни хеланки со футуристички влошки кои изгледале како перничиња за боречки вештини. Познатиот рапер носел и широк црн џемпер.

Подоцна им се приклучиле и пријателите, а на социјалните мрежи коментираа дека изгледале како наставник и наставничка со учениците покрај нив. За потсетување, Кание и Бјанка неодамна се венчаа на тајна приватна церемонија.

 

 

 

Scroll to Top