Американскиот рапер Каније Вест на својот нов албум ставил фотографија од местото каде што починала Витни Хјустон. Станува збор за тоалет извалкан со дрога.
Фотографијата од тоалетот полн со траги од дрога ја направил некој од членовите на семејството на пејачката во 2006 година, кога таа се борела со зависноста.
Колега на Каније Вест открива детали за спорната фотографија.
„Фотографијата апсолутно одговара со енергијата на новиот албум. Се чини дека го претставува организираниот хаос. Секој кој ќе ја погледне насловната ќе пронајде некој интересен детаљ. Каније ја промени идејата за насловната во последен момент. Се договоривме околу неколку уметнички фотографии и тој требаше да ги изработи завршните детали. Но, ме повика наутро и ми рече дека му се допаѓа нешто друго и дека тоа ќе чини 85 000 долари. Му реков дека не е потребно, но инсистираше тој да плати затоа што луѓето тоа мора да го видат, дека тоа се совпаѓало со музиката. Промената ме изненади, но полека и јас почнав да ја прифаќам идејата и сега многу ми се допаѓа“, изјавил колегата на Каније Вест.
album 1 PUSHA T DAYTONA dropping 2mrw pic.twitter.com/M1UPvax5fa
— KANYE WEST (@kanyewest) 24 May 2018
Славната пејачка е пронајдена мртва во када во хотелот „Беверли Хилтон“ во 2012 година. Смртта е прогласена за несреќен случај, но долгогодишната зависност од кокаин и слабото срце придонеле за изненадувачката смрт.
Аутопсијата покажала дека во организмот покрај марихуана имала и уште некои други лекови.