Канје Вест ја изневерувал Ким: Се фалеше дека има секс со неколку девојки

Раперот Канје Вест во неговата песна „Ураган“ од новиот албум „Донда“, признава дека ја изневерувал својата поранешна жена, Ким Кардашијан. „Еве ме глумам дека сум многу богат, еве ме со нова женска, а знам која е вистината, уште не се смирувам и после две деца“, пее во песната по која призна дека имал неколку афери за време на турнејата „Сент Пабло“ во 2016 година.

Според весникот „Сан“, раперот се фалел пред пријателите дека бил со неколку девојки во исто време додека бил на турнеја.

„Не беше тајна меѓу оние кои работеа поблиску со Канје дека ја изневеруваше Ким откако се роди Сент. На неговата турнеја тој призна дека спие со неколку девојки, па дури и раскажа луди детали за врската. Оние што го познаваат добро, и се смееја нервозно, а членовите на екипажот кои штотуку се приклучија на патувањето беа во неверување што зборува пред сите. Изгледа имаше биполарна епизода и беше многу лошо да се гледа“, рекол изворот за „Сан“.

Сепак, ова наводно неверство не е причината поради која Ким и Канје се разведоа, бидејќи откако ги добија Норт (8) и Сент (5), а по неверството на Канје, тие станаа родители и на Чикаго (3) и Псалм (2).

Инаку, Ким и Канје минатата недела повторно беа во центарот на вниманието, откако ријалити ѕвездата се појави во венчаница на промоцијата на албумот на својот поранешен маж, па многумина коментираа дека парот решил да си даде нова шанса и дека се пак заедно.

(Видео) Канје Вест се запали на сцена, а Ким Кардашијан со која се разведе му дојде во венчаница среде концертот

Scroll to Top