Канје Вест ѝ се извини на Ким Кардашијан

Американскиот рапер и кандидат за претседател на Америка, Канје Вест ѝ се извини на сопругата Ким Кардашијан, затоа што деновиве на „Твитер“ напиша дека сака да се разведе од неа.

„Сакам да ѝ се извинам на мојата сопруга Ким што јавно објавив нешто што е приватна работа. Не успеав да ја заштитам како што таа ме штитеше мене. Ким, знам дека те повредив. Те молам , прости ми. Ти благодарам што секогаш си тука за мене” , напиша Вест на „Твитер“.

Раперот го објави твитот неколку часа по посетата на Џастин Бибер на неговиот ранч во Вајоминг. Тој во средата на „Твитер“ напиша дека се обидува да се разведе од Ким, но неколку минути подоцна го избриша постот.

Ким имала афера, Канје дознал и сега бара развод

 

Scroll to Top