Ким имала афера, Канје дознал и сега бара развод

Кандидатот за претседател на САД и популарниот американски рапер, Канје Вест, повеќе не сака да биде во брак со познатата американска реална ѕвезда Ким Кардашјан откако дознал дека го изневерувала, пренесува британски „Мирор“.

Судејќи според изјавата на Канје на „Твитер“, која во меѓувреме ја избришал, Ким се гледала со раперот Мик Мил во хотел. Наводно, двајцата разговарале за реформи во судството, кои Ким сака да ги спроведе, но Канје не верува во таа приказна и сега сака развод.

Американските медиуми се обиделе да дојдат до Ким и до нејзините адвокати, но таа одлучила да не коментира ништо за овој случај. Од друга страна, нејзините пријатели ја преколнуваат на социјалните мрежи да им открие што се случува.

Ким и Канје се еден од најмоќните парови во светот на шоу-бизнисот веќе неколку години. Се венчаа во 2014 година во Париз. Имаат четири деца – девојчето Норт и синот Саинт, кои ги роди Ким, и ќерката Чикаго и момчето Псалм, кои ги добија од сурогат-мајка.

Scroll to Top