Кејт Мидлтон е строга мајка

Кејт Мидлтон можеби ја носи титулата војвотка од Кембриџ, живее во палата и секојдневно се справува со милион нешта како сопруга на принцот Вилијам, но кога се во прашање нејзините деца, таа е како и секоја друга мајка.

Малку строга, но сепак весела и пред сè посветена, Мидлтон не ретко јавно покажува дека принцот Џорџ и принцезата Шарлот мора да се однесуваат како што треба.

Понекогаш на малиот Џорџ не му е сеедно што мора да се појави пред фотографите, па тука е Кејт да му покаже дека сè ќе биде како што треба.

 

Шарлот сака да биде сè по нејзино. Но, кога се на јавен настан, војвотката не штеди на зборови за да ѝ покаже дека е потребно да се смири.

Венчавката на Пипа беше одлична можност да го видиме строгото лице на Кејт, која справувајќи се со сите деца околу неа, мораше и помалку да викне за да ги стави во ред.

Дружењето со другите деца не значи дека палавкото Џорџ може да прави што сака. Тука војвотката стапува во акција, додека Вилијам ѝ дава поддршка.

Патувањата со авион не им се баш омилени на принцот и принцезата. Не ретко се случува и двајцата да даваат отпор и да се помалку лути, но мама повторно е тука за да ги научи на некои правила.

Scroll to Top