Кејт Мидлтон го направи роденденскиот портрет на принцот Џорџ за осмиот роденден

Принцот Џорџ денес полни осум години. Според традицијата, кралското семејство го објави неговиот роденденски портрет, кој го направи неговата мајка, Кејт Мидлтон. Фотографијата е направена во Норфолк на почетокот на овој месец, а Џорџ седи на автомобил во природа.

Војвотката од Кембриџ во јавноста е позната по тоа што постојано ги фотографира своите деца, но и другите членови на семејството. Со нејзините фотографии последните години честопати се одбележуваат значајни датуми поврзани со кралското семејство.

Принцот Џорџ е најстарото дете на Кејт и Вилијам и иден крал на Англија, кој треба да го наследи тронот од татко му. Освен Џорџ, Кејт и Вилијам ги имаат и ќерката Шарлот и синот Луис.

Scroll to Top