Кејт Мос снима документарец за Џорџ Мајкл

Моделот Кејт Мос снима документарен филм за британскиот пејач Џорџ Мајкл, кој ќе се вика „Фридм“. Таа во документарниот филм ќе користи и досега необјавени снимки од еден од неговите најпознати видеоспотови.

Спотот е, секако, за песната „Фридм“, во кој се појавуваат супермоделите Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Наоми Кемпбел и Татјана Патриц. Како што вели Мос, делови од овој спот биле скриени цели 27 години и сега конечно ќе ѝ бидат претставени на јавноста.

Кејт и Џорџ Мајкл биле долгогодишни пријатели, а идејата за снимањето за документарецот, според Мос, постоела пред смртта на пејачот минатиот декември. Филмот треба да биде готов до крајот на годината.

Scroll to Top