Кејти Холмс прозборе за разводот со Том Круз

By

Jавноста беше изненадена кога во 2012 година актерката Кејти Холмс побара развод од славниот Том Круз по пет години брак. Нејзините блиски пријатели на оваа нејзина одлука не биле изненадени, бидејќи, како што зборувале тогаш, таа покрај Круз целосно ја изгубила самодовербата па паднала во депресија поради неговиот начин на живот што ѝ бил наметнат.

Двојката потпиша предбрачен договор според кој актерката добива три милиони долари секој година од бракот, како и максимални 33 милиони по 11 година, како и куќата во Калифронија. Кејти барала старателство над ќерката Сури, поделба на имотот и алиментација.

За разводот не зборуваше во медиумите сѐ досега, кога дала интервју за магазин „Ин стајл“. Во интервјуто за „Ин стајл“, популарната холивудска актерка Кејти Холмс (41), меѓу другото, зборуваше и за стресот што го доживеала кога, по шест години брак, во 2012 година се разведе со славниот актер Том Круз.

„Тоа време беше напнато и интензивно. Сето тоа привлече големо внимание, а покрај тоа имав и мало дете. Многумина кои дотогаш не ги познавав на крајот ми станаа пријатели и многу ми помогнаа. Не знаев каде сум, не знаев дали можам сама понатаму. често знаев да излезам од дома и со часови да талкам, за да ја поминам кризата. Колку и да си познат, никој не знае како ти е во душата“ – рекла Кејти.

Актерката се присетила и на еден возач на такси, кој ѝ помогнал една вечер која ѝ била особено тешка.

„Беше неверојатен момент и мислев дека се распаѓам. Сури имаше 6 или 7 години и ја носев да спие кај нејзина пријателка. Стигнавме пред зградата. Бев изгубена, тажна, ќе паднев тука, а возачот на таксито ми помогна, ја отвори вратата, ја зеде во раце и ја донесе до зградата за да не се разбуди. Беше неверојатно љубезен“ – се присетила Холмс.

Ќе ви се допадне

High School DxD Episode 12 at Crunchyroll crunchyroll premium account reddit

Attack on Titan (https://kissanimeonline.com/m/GM) Episode 25 at KissAnime kissanime twitter