Кели Роланд: Соработката со Бијонсе беше вистинско измачување

Пејачката Кели Роланд, која 10 години пееше во групата „Дестинис чајлд“, во интервју за „Гласот на Австралија“ раскажа за времето поминато со Бијонсе и Мишел, но откри и дека со години живеела во сенка на Бијонсе, а тоа влијаело на нејзината самодоверба.

„Можете ли да замислите како е да се биде во бенд со Бијонсе? Тоа беше тортура во главата. Размислував дека не можам да облечам некаков фустан затоа што сите ќе ме споредуваат со неа или не можев да пеам песна затоа што секој ќе речеше дека звучам како Бијонсе. Ќе излажам ако речам дека тоа не ме измачуваше. Оваа тортура траеше цела деценија. Се чувствував како слон во соба со порцелан. Секогаш тоа ми беше огромен товар“, вели пејачката во интервјуто.

„Дестинис чајлд“ постоеја од 1995 до 2005 година, кога се расформираа, а трите пејачки почнаа соло кариера. Најуспешна од нив е Бијонсе, а Мишел речиси никој и да не ја памети. Кели во текот на годините имаше само 2-3 хита. Таа во текот на својата соло кариера има освоено голем број награди, како што се „Билборд“ и „Соул треин мјузик аворд“, а номинирана е и за две награди „Греми“.

Scroll to Top