Кендел Џенер во проѕирен топ на состанок со новиот дечко

Манекенката Кендал Џенер (27) и музичарот Бад Бани (29) видени се на состанок како излегуваат од ресторан. Ријалити ѕвездата и една од најплатените манекенки во светот за на состанокот се одлучила за мини здолниште и чизми со крзно кои ги искомбинирала со кафено-проѕирен топ под кој не носела градник.

Парот потврдил дека се заедно, кога неодамна биле фатени како се бакнуваат во ресторан, а потоа Кендал му била поддршка на своето момче на фестивалот Коачела каде тој настапувал.

Ова е првиот дечко на Џенер откако минатото лето ја прекина двегодишната врска со НБА ѕвездата Девин Букер (26). Иако парот неколку пати раскинуваше и се смируваше, пред неколку месеци донесоа конечна одлука дека се разделиле.

Ова не е прв пат Кендал да чекори во проѕирни креации, а многумина модни критичари ја критикуваа за непримерната облека, особено кога оди во ресторан.

Фото: KEVY, JWNY

Scroll to Top