Кендрик Ламар со најмногу номинации за „Греми“

Американскиот рапер Кендрик Ламар доби осум номинации за претстојните музички награди „Греми“ што ќе се доделат следната година. Тој е номиниран и во категоријата за најдобар албум и песна на годината, пред сè благодарение на песните што ги испеа за филмот „Црниот пантер“.

Втор по бројот на номинации е канадскиот рапер Дрејк, кој има седум. Меѓу номинирате се и раперката Карди Би со пет номинации, Леди Гага, и Тејлор Свифт, која доби една номинација.

Церемонијата на доделувањето на наградите „Греми“ ќе се одржи на 10 февруари 2019 година во Лос Анџелес.

Scroll to Top