Ќерката на Берни Еклстон доби ќерка

Петра Еклстон, ќерката на милијардерот Берни Еклстон, стана мајка. Среќната вест ја сподели нејзиниот свршеник Сам Палмер во неделата вечерта кои објави дека добиле ќерка. Петра се породила уште пред неколку недели, но сè до вчера популарната двојка ја криела веста.

„Добивме бројни пораки во кои ме прашувавте кога ќе го добиеме бебето. Пред неколку недели добивме прекрасна ќерка. Фала ви на сите за убавите желби. Петра и мојата ќерка се добро“, напиша Сем на социјалните мрежи.

Тој објави фотографија со Петра под која добија голем број пофални коментари. Тие сè уште се немаат одлучено за името на бебето. Ова е прво нивно заедничко дете, а Петра од бракот со Џејмс Стунт веќе ги има синовите Џејмс и Ендру и ќерката Лавинија.

Пред неколку дена светските медиуми објавија дека нејзиниот татко Берни го чека четвртото дете со сопругата Фабијана Флоси. Берни ќе го добие првиот син во семејството, а терминот за породување треба да се случи во јули, неколку недели пред неговиот 90. роденден.

„Како родители, имаме само една желба, детето да ни се роди здраво и живо“, изјави двојката.

 

 

Scroll to Top