Ела, ќерката на актерите Џон Траволта и Кели Престон, се збогува од својата мајка, која вчера почина од карцином на дојката. Таа објави слика на „Инстаграм“ со емотивна порака, па ѝ се заблагодари за љубовта и поддршката што ѝ ги давала во животот.
„Секој што имал среќа да те запознае или некогаш бил во твое присуство, ќе се согласи дека имаш сјај и светло што никогаш не престанува да блеска секаде околу тебе. Благодарам што беше со мене, без оглед на сè. Ти благодарам за целата твоја љубов, ти благодарам на помошта и ти благодарам што го направи светот подобро место. Те сакам многу, мамо“, напиша 20-годишната Ела.
Џон и Кели беа во брак од 1991 година, а покрај Ела, тие се родители на деветгодишниот Бенџамин и на синот Џет, кој почина во 2009 година.