Ќерката на Лени Кравиц се омажи во тајност

Глумицата Зои Кравиц, ќерка на рок музичарот Лени Кравиц и актерката Лиза Боне, се омажи во тајност со своето момче Карл Глуснман. Иако Зои неодамна најави дека закажале свадба за јуни, ги изненади сите откако објави дека се омажила. Зои (30) и  Карл (31) се венчале на интимна церемонија, а наскоро ќе организираатт поголема прослава за пријателите и семејствата. Двојката е во врска од 2016 година, а лани во октомври Зои откри дека е верена.

„Со него сум целосно опуштена, можам да бидам она што сум. Многу е релаксирачки кога со некого можете да бидете толку слободни и свои“, рече тогаш глумицата.

Глумицата, која во моментов е актуелна со серијата „Големи мали лагои“, често изјавува дека голема поддршка во животот и работата ѝ е и нејзиниот татко, Лени. Популарниот рок музичар постојано се фали со успесите на ќерка си. Тој во моментов е на европска турнеја, а еден од првите концерти на турнејата ги одржа во Скопје на 3 мај.

(Видео) Лени Кравиц ги расположи скопјани оти не глуми ѕвезда

Scroll to Top