Кети Пери наместо Викторија во „Спајс грлс“

Британската пејачка Ема Батон, од една од најпопуларните женски групи „Спајс грлс“, во интервју рекла дека сака Кети Пери да пее на местото на Викторија Бекам на претстојната турнеја на бендот. Таа сака Кети со нив да испее барем една песна.

„Ова е моја желба, ама да се разбереме, Викторија е незаменлива“, рекла таа.

Викторија нема да се приклучи на турнејата на „Спајс грлс“ догодина оти сака да му се посвети на семејството и на модната кариера.

Scroll to Top