Кетрин Зета Џонс објави фотка од нејзините деца пред да тргнат во училиште

Глумицата Кетрин Зета Џонс објави фотографија од своите деца, синот Дилан и ќерката Карис, и прати порака пред почетокот на училишната година.  „Летото и официјално заврши за нашето семејство, а младите се враќаат на учењето. На различни начини, без преседани. Ве сакам двајцата. И порака за сите деца, знаењето е клуч за животот. Боретете се. И ова ќе помине“, напиша Кетрин.

 

Глумицата ги доби во брак со 25 години постариот колега Мајкл Даглас, со кого наскоро ќе прослави дваесетгодишнина брак. Таа за магазинот „Пипл“ изјави дека прославата ќе биде во кругот на семејството поради пандемијата .

 

 

Scroll to Top