Киану Ривс потврди дека ќе глуми во четвртиот дел на серијалот „Матрикс“. Покрај него, во филмот ќе глуми и Кери-Ен Мос. Според првичните најави, сценариото за филмот ќе го напише Лана Ваховски, а таа ќе биде и режисер на филмот. Лана беше корежисер на претходните филмови.
„Ворнер брос“, кои го најавија новото продолжение на „Матрикс“, сè уште немаат детали во врска со заплетот и приказната, а продукцијата на филмот се очекува да почне во 2020 година.
„Многу од идеите што ги истражував пред 20 години во врска со нашата реалност, сега се уште порелевантни. Многу сум среќна што повторно ќе ги имам овие карактери во мојот живот и ќе имам уште една шанса да работам со моите брилијантни пријатели. Со оглед на судбината на двата главни лика во претходниот дел, ќе треба да смислам паметен начин да ги вклучам Нео и Тринити во приказната. Но, ни ова нема да биде претешко, знаејќи дека серијалот во голема мера се потпира на мистика и пресврти во заплетот“, рекла режисерката и сценаристка Ваховски.