Киану Ривс ќе се жени!

Глумецот Киану Ривс (55) ќе се жени со својата девојка Александра Грант (46), тврдат неколку американски медиуми. Александра, наводно, ја споделила среќната вест со неколку пријатели уште во февруари, на забава што ја организирала Гвинет Палтроу.

„Алекс им кажа на пријателите дека Киану ја побарал за жена во својот дом во Холивуд на нејзиниот роденден, откако ѝ приредил вечера, која ја зготвил неговиот омилен готвач“, изјавил извор за Women’s Day.

Александра, која по професија е уметник, прво ја криела веста, но на забавата на Гвинет, решила да каже дека ќе се мажи.

„Таа гордо им го покажа на сите прстенот“, рекол изворот за магазинот.

Киану и Александра, според таблоидот, планираат скромна свадба на Хаваи и сакаат да поканат само неколку гости.

Инаку, Александра беше критикувана од јавноста уште од моментот кога Киану првпат се појави со неа на филмски настан во Лос Анџелес. Јавноста ја критикуваше најмногу заради нејзината седа коса, и ја исмеваше дека личи како да му е мајка.

Ривс откри дека е во врска со уметничката лани во ноември кога беа заедно на настанот LACMA Art + Film во Лос Анџелес. Таа е првата девојка која Киану ја претставил во јавноста по долго време. Тој за приватниот животниот живот никогаш не зборувал пред медиумите.

 

Scroll to Top