Ким Кардашијан и Канје Вест во трка за Белата куќа

Американскиот рапер Канје Вест и неговата сопруга Ким Кардашијан платиле 35.0000 долари надомест за тој да се кандидира за независен кандидат на претседателските избори во Америка.

Неговото име ќе се појави на гласачкото ливче во сојузната држава Оклахама, пренесува „Гардијан“ и покрај насловите во американските медиуми од пред неколку дена дека тој се откажал од трката за Белата куќа.

Во Оклахома, како што пренесуваат американските медиуми, успеал да го фати крајниот рок за кандидатура, додека во неколку важни држави тој рок истекол.

Според Законот за кандидатура во Оклахома, потребно е да се соберат повеќе од 35.000 потписи или да се плати 35.000 долари.

На пример, во Колорадо, Канје има рок за собирање 5000 потписи до 5 август или можност да уплати 1.000 долари. Вест е еден од тројцата независни кандидати кои уплатиле пари за да излезат на изборите, а во конкуренција се уште и пијанистот Џејд Симонс и претприемачот Брук Пирс.

Вест, кој го поддржал Доналд Трамп и вели дека заедничка им е змеовата енергија, би можел да ги земе гласовите на црната популација во САД, кои се наклонети на демократот Џон Бајден.

Вест својата кандидатура ја најавил на 4 јули, а наводната поделба со политиката на Трамп ја обелодени кога во интервју за „Форбс“ изјави дека ја симнал црвената капа, што се однесува на заштитниот знак на Трамп.

Популарниот рапер својата верзија во Белата куќа, како што објаснува, ја замислува по улогата на филмот „Црниот пантер“. Претседателските избори во САД ќе бидат одржани во ноември.

Scroll to Top