Клои не е вистинска Кардашијанка, но сите биле договорени да молчат

Во американската јавност веќе од поодамна се вртат шпекулации за тоа дека најмладата од сестрите Кардашијан, Клои, не е вистинска Кардашијан, затоа што нејзината мајка Крис Џенер, ја добила со некој друг, а не со Роберт Кардашијан, таткото на останатите популарни сестри.

Во семејството имале договор да молчат за ова, но откако Канје, сопругот на Ким Кардашијан реши да се кандидира во трката за американски претседател, сега во јавноста излегоа интимни детали од нивниот живот, меѓу другото и шпекулацијата за Клои дека не е вистинска Кардашијан.

Некои заговорници сметаат дека во семејството Кардашијан веруваат дека Канје на овој начин, ќе може да се докопа до глас повеќе на изборите. Многумина тврдат дека ова е идеја на Крис, затоа што токму нејзиниот поранешен дечко, Алфред Гарсија ја отворил оваа приказна.

Тој за книгата The Kardashians: An American Drama и претходно отворено изнесувал детали за неверствата на Крис и дека Клои не е вистинската ќерка на Роберт Кардашијан.

Гарсија вели дека по венчавката, Роберт и Крис се разделуваат на неколку месеци. Роберт во тие моменти почнува врска со Присила Присли, поранешната сопруга на Елвис.

Откако врската со ќерката на кралот на рокенрол музиката не успеала, тој ѝ се вратил на Крис. Медениот месец го поминуваат во Париз и иако сè изгледало идеално, двојката повторно се разделила, затоа што Крис во тие моменти го изневерувала Роберт.

Потоа таа ќе се омажи за Брус Џенер, кој подоцна ќе го промени полот и станува жена.

Scroll to Top