„Кога ќе се сетам дека сум Лејди Гага, се растажувам“, поп-ѕвездата прозборе за популарноста

Поп-sвездата Лејди Гага откри дека мрази да биде позната, и дека поради нејзината популарност, се чувствува, како да е во затвор.

Таа го изјави ова за време на првата епизода од своето радио шоу „Гага радио“, која ја имаше својата премиера на „Apple music“ во петокот.

„Кога ќе се сетам дека сум Лејди Гага, јас многу се растажувам. Обожавам да сум Гага, но мразам дека немам никаква слобода затоа што сум славна. Се чувствувам како да сум во затвор. Мразам да бидам славна. Да се ​​биде уметник не беше мој избор, во секој случај би се бавела со уметност, но исто така не избрав да бидам популарна“, рече таа за време на шоуто.

Авторот се осврна и на оригиналното име на албумот „Chromatica“, која сакала да го нарече „Free Woman“.

„Најпрво сакав да го наречам албумот „Free Woman“, а идејата ми беше да бидам во кафез на насловната фотографија, како во затвор“, рече таа.

Гага го објави својот нов студиски албум „Chromatica“ на 29 мај годинава, а покрај тоа издаде два сингла – песната „Stupid Love“ и „Rain on Me“, дует со Аријана Гранде.

Scroll to Top