Колегите и пријатели се простуваат од Чедвик Босман

Бројни пријатели и колеги на социјалните мрежи се простуваат од глумецот Чедвик Босман. Многумина од нив не можеа да ја сокријат тагата и за „Црниот Пантер“ напишаа само најубави зборови. Ѕвездата од истоимениот филм, почина на 44. годишна возраст.

Тој долго време се бореше со тешката болест, ракот.

„Нашите срце се скршени, а мислите се со неговото семејство. Твоите дела ќе живеат засекогаш. Почивај во мир“, му напишаа на службената страна на „Марвел“.

Од глумецот се прости и „Капетан Америка“, Крис Еванс, кој призна дека веста за смртта на неговиот пријател, целосно го уништила. Благодарен сум што имав можност да запознаам таков уметник.

И американскиот глумец, режисер, продуцент и сценарист, најпознат по улогата на „Хулк“, во „Одмазници“, Марк Руфало, се прости од својот колега на „Твитер“.

„Ми беше чест да соработувам со тебе. Колку само искрен и великодушен беше“, му напиша Марк.

Глумицата и пејачката Бри Ларсон, позната како „Капетанка Марвел“, најпозната по улогата во филмот „Соба“, за која освои и Оскар, на социјалните мрежи објави фотографија од починатиот глумец и откри колку срцето и било скршено.

И познатата холивудска глумица Кери Вашингтон се прости од својот колега.

„Војник на светлина до самиот крај. Без зборови сум. Вистински крал“, напиша таа.

Скршена беше и глумицата Иса Рае.

Глумицата Мелиса Фумеро откри дека Чадвик ѝ бил еден од омилените глумци, а таа испрати поддршка и до неговото семејство.

 

Scroll to Top