Кортни Лав и Курт Кобејн: Љубов што беше заштитен знак на деведесеттите

Многумина говореа дека Кортни Лав и Курт Кобејн се заштитен знак на 1990-тите. Тие беа помодерна и талентирана верзија на Сид и Нанси.

Во 1992 година новинарот на Vanity Fair истакна дека Кортни ќе биде позната како Курт, и доколку не се случи нешто друго, тие ќе се уништат еден со друг. И беше во право.

Една година пред да ја започнат својата врска, којашто ги уништи и двајцата, славата на Курт почна енормно да расте  откако целиот свет започна да се опседнува со групата „Нирвана“.

Двојката првпат се запозна во 1989-та година, но не почна врска. Тие се сретнале повторно две години подоцна и тогаш сè започнало. Откако Лав се врати во животот на Курт, многумина тврдеа дека таа го наведе да зема  хероин.

По венчавката, Курт продолжил да се затвора во себе. Станал повлечен и  постојано  бил тажен. И покрај популарноста на „Нирвана“, пејачот немал желба да продолжи со турнеите.

„Многу се дрогиравме. Набавувавме таблети секаде, шетавме и цело време бевме ‘на нешто’. Хероин користевме неколку месеци“, призна Лав во интервју во 1992 година.

Беа ужасни во светот на дрогата, но уште поужасно силно се сакаа меѓусебно, изјави извор близок до нив.

Курт неколку пати сакал да се откаже од „Нирвана“, славата тешко ја поднесувал и тоа само ја влошувало ситуацијата. Неговиот живот пропаѓал.

Неколку пати се обидел да се самоубие. Во намерата успеа во 1994 година кога си пукаше во глава. Имаше само 27 години.

Scroll to Top