Кошаркарот Џеј Ар Смит до Трамп: Замолчи и направи нешто кловну

Американскиот претседател Доналд Трамп преку „Твитер“ ги критикуваше медиумите во САД и нивниот начин на известување за коронавирусот. Тој се налутил откако во некои медиуми прочитал дека побарал помош за справување со болеста од Алекс Родригез, свршеникот на Џенифер Лопез, кој е поранешен бејзбол играч.

Реакциите на Трамп и неговиот начин на справување со кризата го изреволтира кошаркарот на НБА, Џеј Ар Смит. Тој на Трамп му одговори преку „Твитер“. „Замолчи човеку. И направи нешто. Еб*н кловн!“, напиша кошаркарот.

Scroll to Top