Кралицата Елизабета е единствената што патува без пасош низ светот

Британската кралица Елизабета Втора е единствената што во светот може да патува без пасош. Таа е владетел на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот, па со титулата има многу привилегии, меѓу кои и дека може да патува во странство без патнички документи.

Оваа привилегија ја има само кралицата Елизабета Втора и таа не важи за другите членови на британското кралското семејство. Освен во земјите со кои владее, кралицата може да патува без пасош низ целиот свет. Таа ќе биде запаметена како британски монарх кој посетил најмногу земји во светот, вкупно 116.

Исто така, сите британски пасоши се издаваат од име на кралицата.

Scroll to Top